Почина легендарниот Уве Зелер

Од:

Легендарниот германски фудбалер Уве Зелер почина на 85-годишна возраст, јавуваат германските медиуми. Зелер играше за Хамбургер од 1946 до 1972 година и постигна 404 гола на 472 натпревари. Со Хамбургер освои една титула и еден Куп.

Зелер одигра 72 натпревари за германската репрезентација од 1954 до 1970 година и постигна 43 гола.

Со репрезентацијата на Западна Германија го освои второто место на Светското првенство во 1966 година, додека четири години подоцна беше трет со „панцирите“.

Трипати беше прогласуван за најдобар германски фудбалер на годината. Германските медиуми тврдат дека Зелер бил еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Катерина Ѓуровски

Почина американскиот комичар Ричард Луис