Почина легендарниот Ивица Осим

Од:

На 82-годишна возраст почина легендарниот селектор на Југославија и на БиХ, Ивица Осим. Прославениот тренер почина утрово во Грац каде што живееше со години.

Тој е роден во Сараево во 1941 година, а играчката кариера ја почна во сараевски Железничар. За тој клуб играше 11 години и собра 250 настапи со 75 постигнати голови. Потоа отиде во Франција во 1970 година.

Беше играч со фантастична техника, непредвидлив дриблинг и фантастичен шут. Фудбалот што го играше беше авангарден на терените на поранешната држава. Неговиот стил на игра потсетуваше на бразилските виртуози од тоа време, поради што го доби прекарот Штраус од Грбавица. Девет години беше миленик на навивачите на Железничар, а играше и за холандскиот Цволе и француските клубови Седан, Стразбур и Валенсиен.

За репрезентацијата на поранешна Југославија одигра 16 натпревари и постигна осум гола, а беше дел од тимот кој освои сребро на Европското првенство во 1968 година.

Беше тренер на Железничар од 1978 до 1986 година. Беше селектор на Југославија од 1986 до 1992 година, тренер на Партизан, Панатинаикос, Штурм, Џеф Јунајтед, а последен тренерски ангажман му беше како селектор на Јапонија во 2007 година.

Би можело да ве интересира

Почина Слаѓана Милошевиќ

Катерина Ѓуровски

Почина Мирко Попов

Катерина Ѓуровски

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Почина креаторот на манга стрипот „Dragon Ball“

Почина бодибилдерот Мирко Петровски

Катерина Ѓуровски

Почина американскиот комичар Ричард Луис