Почина легендарниот боксер Теофило Стивенсон

Од:

Легендарниот кубански боксер во тешка категорија, освојувач на три олимписки медали, теофило Стивенсон, умре на 60 години од срцев удар.

„Кубанското спортско семејство е потресено од заминувањето на една од најголемите спортски легенди“, се вели во соопштението.

Стивенсон во текот на својата богата категорија боксуваше и во Београд 1978. година кога по втор пат стана светски шампион, одземајќи му ја „пред нос“ титулата на Драгомир Вујковиќ.

Стивенсон беше познат не само по одличната умешност на теренот, одличната работа со нозете и разорувачката десна рака туку и по џентлменското однесување со кое не можат да с епофалат мнопгумина од овој спорт.

Во неговата богата спортска биографија стои дека првото олимписко злато го освоил во Минхен 1972. година, го одбранил во Монтреал во 1976-тата, а потоа и во Москва 1980. година.

Роден е 29-ти март 1952. година во скромно семејство во покраината Лас Тунас, на истокот на Куба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Дали Холовеј го постигна најголемиот нокаут на сите времиња?

Предраг Петровиќ

ВИДЕО:Телевизиски водител за прв пат влезе во рингот против професионалец, не издржа ни една минута

Предраг Петровиќ

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Шампионот на Европа по тепачката вади пиштол и пука по луѓе

Предраг Петровиќ

Поранешниот олимпиец ја убил девојката и ја фрлил од надвозник, и вбризгал седатив за коњи

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Олександр Усик ја одбрани светската титула во тешка категорија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Боксот има нов „крал“: Крафорд испиша историја