Почетино одбил да го преземе Евертон

Од:

Маурисио Почетино ја одбил понудата на Евертон за испразнетото раководно место, пренесуваат британските медиуми цитирани од „Експрес“. Тој бил прашан од раководството на „карамелите“ да го замени Марко Силва, кој беше отпуштен заради лошата позиција на тимот во англискиот фудбалски шампионат и поразот од 2:5 против градскиот ривал Ливерпул.

Почетино беше отпуштен од Тотенхем пред две недели и допрва треба да разгледува понуди, но дефинитивно немадаприфати работа од Евертон. Самиот клуб се обрати и на Витор Переира, кој во моментов го води Шангај СИПГ, а пред тоа – Олимпијакос и екипи од Португалија.

Почетино се очекува да се врати во Англија наскоро откако замина на краток одмор во родната Аргентина.

– Постојат многу клубови и привлечни проекти кои можам да ги погледнам. Засега, најважно е за мене да го расчистам умот по пет и пол успешни сезони со Тотенхем. Важно е да ја вратам мојата мотивација, рече тој за локалната варијанта на „Фокс спорт“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска