Почетино: Критиките за Меси не се фер

Од:

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино вели дека Лионел Меси добиваа нефер критики за „преодната“ сезона за поранешниот капитен на Барселона во новиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Меси беше меѓу ѕвездите на ПСЖ кои беа исвиркани од сопствените навивачи по елиминацијата од Реал Мадрид во осминафиналето на Лигата на шампионите, а потоа при прославата на француската титула минатата година, дел од ултрасите на ПСЖ си заминаа предвреме наместо да слават.

„Да се оценува Меси на ваков начин не е фер. Не можете да зборувате за Меси на ваков начин. Тоа е како јас да зборувам за Марадона. Не зборувам за обичен фудбалер. Меси е на исто ниво со Марадона и никој не треба да се сомнева во неговите квалитети. Следната сезона ќе биде сосема поинаква за него. Ова беше година на учење, не само професионално, со новите соиграчи и во нова лига, но и на семејно ниво. Морате тоа да го земете во предвид“, оценува Почетино.

34-годишниот Меси постигна 9 гола и асистираше за уште 13 во 31 настапи во сите натпреварувања по слободниот трансфер во ПСЖ минатиот август по 20-годишната кариера во Барселона.

Би можело да ве интересира

Меси по саудиското „фијаско“: Нема изговори за ваков пораз

Меси се „смирил“ со Лапорта, во јули се враќа на „Ноу Камп“?

Меси позитивен на ковид

Катерина Павлова-Николовска

Рохас и Меси спортисти на годината во Јужна Америка

Ана Ололовска

Меси доби мурал на 22-катница во родното Росарио

Ана Ололовска

Роналдо демантира ривалство со Меси во освојувањето награди

Ана Ололовска