Победи за водечката двојка во Премиер лигата

Од:

Во англиската Премиер лига денеска се одигра шест натпревари од 17. коло по кое нема промени во бодовната ситуација на врвот на табелата, бидејќи двете водечки екипи од Манчестер забележаа победи.

Постигнати се следниве резултати: Њукасл – Манчестер Сити 1:3, Ливерпул – Астон Вила 1:3, Манчестер Јунајтед – Сандерленд 3:1, Норвич – Виган 2:1, Квинс Парк Ренџерс – Фулам 2:1 и Стоук – Евертон 1:1.

За утре закажани се дуелите: Тотенхем – Свонси и Вест Бромвич Албион – Вест Хем, додека в понеделник својот натпревар од ова коло ќе го одиграат Рединг и Арсенал.

Средбата Челзи – Саутемптон е одложена поради настап на Челзи на Светското клупско првенство.

Табела: Манчестер Јунајтед 42 бодови, Манчестер Сити 36, Челзи 29, Евертон 27, Тотенхем 26, Вест Бромвич Албион 26, Норвич 25, Арсенал 24, Стоук 24,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска