Победи за Кузнецова и Плишкова во три сетови на вториот ден од Мастерсот во Сингапур

Од:

Светлана Кузнецова и Каролина Плишкова ги забележаа првите победи во „црвената група“ на женскиот Мастерс што се игра во Сингапур. Двата натпревара од вториот ден од оваа група завршија по три сета игра.

Плишкова ја победи Гарбине Мугуруза со 2-1 во сетови (6:2; 6:7(4:7) и 7:5) откако успеа да направи пресврт во третиот сет и по предноста на Мугуруза од 5:2 имаше серија од пет освоени гемови и го доби мечот.

Кузнецова беше поуспешна од ланската победничка на Мастерсот Агнешка Радванска со 2-1 во сртови (7:5; 1:6 и 7:5), а во третиот сет успеа да спаси и меч топка на сервис на ривалката.

Во рамки на „белата група“ победи на вчерашните мечеви во 1.коло постигнаа Анжелик Кербер и Симона Халеп против Доминка Цибулкова односно Медисон Кејс.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен