Екипите од Рим, Рома и Лацио постигнаа победи на синоќа одиграните дуели од 30. коло од Серија А.
Рома како домаќин го совлада Емполи со 2:0, додека Лацио на гости со пресврт славеше победа над Сасуоло со 2:1.
Денеска се играат седум натпревари од оваа рунда: Торино – Удинезе, Киево – Кротоне, Фиорентина – Болоња, Џенова – Аталанта, Палермо – Каљари, Пескара – Милан и Наполи – Јувентус.
Утре се игра последниот дуел од колото Интер – Сампдорија.
Табела: Јувентус 73 бодови, Рома 68, Наполи 63, Лацио 60, Интер 55, Аталанта 55, Милан 53