Победа за екипите од Манчестер во 20. коло од Премиер лигата

Од:

Во Англиското фудбалско првенство викендов на програмата се натпреварите од 20.коло, а водечките две екипи, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити забалежаа победи.

Јунајтед пред своите навивачи го победи Вест Бромвич Албион, додека Сити ги освои трите бода на гостувањето кај Норвич.

Постигнати резултати на досега седумте завршени натпревари од 20.коло во Премиер лигата: Сандерленд – Тотенхем 1:2, Астон Вила – Виган 0:3, Фулам – Свонси 1:2, Манчестер Јунајтед – ВБА 2:0, Норвич – Манчестер Сити 3:4, Рединг – Вест Хем 1:0 и  Стоук – Саутемптон 3:3.

Вечерва се игра натпреварот Арсенал – Њукасл.

За утре се закажани последните два дуела вом оваа година со кои ќе биде комплетирано ова коло. Двојките се: Евертон – Челзи и Квинс Парк Ренџерс – Ливерпул.

Табела: Манчестер Јунајтед 49, Манчестер Сити 42, Тотенхем 36, Челзи 35 (два натпревара помалку), Евертон 33 (натпревар помалку), ВБА 33,…

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска