Победа во првото коло за Ѓорческа на фјучрсот во Валенсија

Од:

Македонска тенисерка Лина Ѓорческа, која е рангирана како трета носителка на фјучрсот во Валенсија со награден фонд од 25.000 долари, успеа да оствари победа во 1. коло.

Таа ја совлада Башак Ерајдин од Турција со 2-0 во сетови (6:2 и 7:5 во гемови) за 88 минути игра.

Во следното коло Ѓорческа ќе игра против победничката од мечот што е во тек меѓу Јасмине Паолини (Италија) и Паула Ариа Манјон (Шпанија).

Во конкуренција на двојки Ѓорческа заедно со Галина Воскобоева од Казахстан како први носителки во првото коло најверојатно утре ќе играат против Олга Саез Лара (Шпанија) и Мелани Стоке (Норвешка).

Инаку, на ВТА листата Ѓорческа има пад за едно место во поединечна конкуренција и со 264 поени се наоѓа на 206 место, додека во конкуренција на двојки има скок од едно место и со 504 поени е на 136 место.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен