По две спасени меч топки Возњиацки во полуфиналето на турнирот во Токио

Од:

Поранешната тенсиерка број еден Каролине Возњиацки успеа да спаси две меч топки во денешното четвртфинале на турнирот во Токио и потоа откако противничката Доминика Цибулкова се повреди, Возниацки се пласира во полуфиналето.

Цибулкова го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а двете меч топки ги имаше во вториот сет, кој Возњиацки го доби со 7:6 (7:5 во тај брекот).

Во третиот сет при резултат 3:1 во гемови за Возњиацки, нејзината противничка го предаде мечот.

Нејзина ривалка во полуфиналето ќе и биде тенисерката број еден на светот Гарбине Мугуруза која со 2-0 ја победи Каролине Гарсија.

Во второто полуфинале ќе играат Анжелик Кербер и Анастасија Павличенкова. Кербер ја победи Каролина Плишкова со 2-0 во сетови, додека Павличенкова со 2-1 во сетови ја совлада Барбара Стрицова.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ