Подеднакво успешна вечер во НБА лигата имаа домашните и гостинските екипи, откако билансот на победи во четирите дуели беше 2-2.
Сакраменто и Голден Стејт се радуваа на теренот на противникот, а Мајами и Њујорк го искористија домашниот паркет.
Постигнати резултати:
ЛА Клиперс – Сакраменто 92:98
Мајами – Торонто 107:102
Њујорк – Шарлот 96:93
Портланд – Голден Стејт 90:95.
Шест натпревари се играат вечер: Филаделфија – Хјустон, Бруклин – Оклахома, Мемфис – ЊУ Орлеанс, Далас – Бостон, Денвер – Сакраменто и ЛА Клиперс – Јута.