ПМФЛ: Завршни натпревари пред зимската пауза

Од:

Завршното коло од есенската полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се комплетира денеска со пет натпревари од 13 часот.

Дерби натпреварот се игра на арената „Тодор Проески“ меѓу скопските ривали Работнички и Македонија ЃП, додека лидерот Шкупи му гостува на Борец во Велес.

Во воведниот натпревар од 18. прволигашко коло, Брегалница вчера триумфираше на гостувањето во Кавадарци над Тиквеш со 3:1.

ПМФЛ – 18 коло: Академија Пандев – Пелистер, Борец – Шкупи, Работнички – Македонија ЃП; Шкендија – Скопје, Струга – Ренова, Тиквеш – Брегалница 1:3 (одиграно во сабота).

Табела: Шкупи 39, Академија Пандев 32, Шкендија 31, Брегалница 29, Ренова 27, Македонија ЃП 24, Струга 23, Еаботнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.

Би можело да ве интересира

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Шкендија со деветмина го победи Работнички

Поради снегот одложено колото во домашниот прволигашки фудбал

Старт на вториот дел од фудбалската сезона: Ренова триумфално кај Брегалница

ПМФЛ: Шкупи со победа ја завери есенската титула, одложен дуелот во Струга

Ана Ололовска

ПМФЛ: Работнички и Ренова ремизираа без голови