ПМФЛ: Струга го совлада Силекс за историски настап во еврокуповите

Од:

Шест години од своето формирање екипата на Струга Трим Лум го постигна најголемиот успех во клупската историја, откако денеска во последното коло сезонава во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) обезбеди премиерен настап во европските купови по триумфот на гостински терен над Силекс со 1:0 (0:0).

До победата вредна настап во првото квалификациско коло во новоформираната Конференциска Лига Европа на УЕФА, Струга дојде во Кратово со автоголот на Дејан Благојевиќ во 67. минута, откако гостите од 29. минута остана со играч помалку поради исклучувањето на Марјан Алтипармаковски.

Од поодамна, шампионската титула ја обезбеди Шкендија, која ќе стартува во квалификациите за Лигата на шампиони, додека второпласираниот Шкупи, заедно со Струга и победникот во финалето на Купот меѓу Академија Пандев и Силекс, в среда, ќе настапат во првото квалификациско коло во Конференциската Лига Европа.

Ренова и Силекс ќе играат во баражот за опстанок во ПМФЛ против второпласираните екипи во второлигашката конкуренција Тиквеш и Охрид.

Од следната сезона во Втората лига ќе играат Вардар и Беласица, додека нови прволигаши се Брегалница Штип и Скопје.

Последно 33 коло во ПМФЛ:

Академија Пандев – Борец 3:1

Пелистер – Беласица 2:0

Ренова – Работнички 1:1

Шкендија – Шкупи 1:1

Силекс – Струга Трим 0:1

Вардар – Македонија ЃП 0:2

Табела; Шкендија 75, Шкупи 59, Струга Трим Лум 57, Македонија ЃП 55, Работнички 48, Пелистер 45, Академија Пандев 41, Борец 40, Силекс 36, Ренова 36, Вардар 31, Беласица 17.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска