ПМФЛ: Шкендија есенски првак

Од:

Шкендија на едно коло пред почетокот на зимската пауза ја обезбеди титулата есенски првак во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево триумфираше на гостувањето кај Академија Пандев.

Триумфот на Шкендија и го донесе најмладиот стрелец во историјата на ПМФЛ, 16-годишниот Дашмир Елези, со својот трет гол сезонава.

Во пресрет на последното есенско коло, кое е на програмата в среда, Шкендија има недостижни шест бодови предност пред Шкупи, на второто и Македонија ЃП, на третото место.

Актуелниот првак Вардар испушти предност од два гола за само бод на крајот во градското дерби против Македонија ЃП, додека Пелистер конечно ја прекина серијата од 11. натпревари без победа, со триумфот во Битола над Беласица.

ПМФЛ-17. Коло

Академија Пандев – Шкендија 0:1 (Елези 53)

Борец – Силекс 2:0 (Прелчец (п) 7, Ристовски 13)

Пелистер – Беласица 1:0 (Талевски 81)

Струга Трим – Работнички 2:1 (Османи 6, Абдул 81 – Ѓурѓевиќ (п) 21)

Вардар – Македонија ЃП 2:2 (Мирчевски 19, Цветановски 52 – Калид 57, Божиновски 67,

Ренова – Шкупи 0:0 (одиграно во сабота)

Табела: Шкендија 39, Шкупи 33, Македонија ЃП 33, Струга Трим 25, Борец 25, Силекс 22, Вардар 22, Работнички 21, Ренова 16, Пелистер 15, Академија Пандев 14, Беласица 9.

Би можело да ве интересира

Гостинските екипи поуспешни во 19. коло од ПМФЛ

Ана Ололовска

Колумбиецот Херера подготвен да игра за македонската фудбалска репрезентација

Ана Ололовска

Одложени натпреварите во ПМФЛ поради обилните снежни врнежи

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците во квалификациите за ЕП до 21 година

Ана Ололовска

Шкендија идната недела го дознава противникот во младинската Лига на шампиони

Ана Ололовска

Валон Ахмеди премина од Шкендија во белорускиот шампион Солигорск

Ана Ололовска