ПМФЛ: Работнички ја совлада Академија Пандев

Од:

Фудбалерите на Работнички, како домаќини, ја совладаа Академија Пандев со 1:0 во воведниот натпревар од 22-то коло во Првата македонска лига.

Стрелец на единствениот гол на арената „Тоше Проески“ попладнево беше Виктор Велковски во 56. минута по нафрлувањето на Себастијан Ерера.

За дебармаалци ова е трета победа во четвриот настап од пролетниот дел на сезоната во кој имаат и реми. Покрај денешниот триумф, претходно триумфираа и на Струга Трим Лум со 1:0, односно Шкупи со 2:1 и ремизираа со Вардар 0:0 и со 25 бода се наоѓаат на осмата позиција на табелата.

Останатите мечеви од 22 рунда се играат утре. Ренова ќе биде домаќин на Вардар, Шкендија ќе патува во Велес на средба со Борец, Силекс ќе ја пречека Македонија Ѓорче Петров, а Струга Трим Лум пред своја публика ќе игра против Шкупи.

Би можело да ве интересира

Валон Ахмеди премина од Шкендија во белорускиот шампион Солигорск

Ана Ололовска

Второ странско засилување во Ренова, потпиша Словенецот Марко Гајиќ

Ана Ололовска

Пет нови фудбалери во Работнички

Чеферин: Пласманот на македонската репрезентација на ЕП е шанса за промоција на една мала држава

Ана Ололовска

ФК Тетекс Тетово со победа ја заврши есенската полусезона во Втората лига запад

Ана Ололовска

ПМФЛ: Шкендија есенски првак

Ана Ололовска