Платини идната година ќе одлучи околу евентуалната кандидатура за претседател на ФИФА

Од:

Претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) Мишел Платини изјави дека се уште не донел одлука дали ќе се кандидира за претседателското место на Светската фудбалска асоцијација ФИФА.

– Одлуката околу евентуална кандидатура за раководното место во ФИФА ќе ја донесам за време или по одржувањето на Мундијалот во Бразил следната година, изјави Платини кој се наоѓа на работна средба во Дубровник, Хрватска.

Изборите за претседател на ФИФА ќе се одржат кон средината на 2015 година.

Најава за повторна кандидатура има и од актуелниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер.

Инаку, на состанокот во Дубровник, 54 членки на УЕФА треба да расправаат околу можната одлука на ФИФА, Светското првенство 2022 година во Катар да се игра во зима.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат