Платини: ФИФА и Трибуналот за спортска арбитража се мафија

Од:

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, ги спореди ФИФА и Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана со мафијашките организации.

„Мразам неправда. Не можам да издржам. ФИФА и КАС делуваат како мафијашки организации. Го видов тоа и лично се убедив. Група пријатели го прават она што сакаат“, изјави легендарниот француски фудбалер за „Спорт.пл“. “.

Шеесет и четири-годишниот добитник на „Златната топка“ тврди дека адвокатите на ФИФА, УЕФА и КАС се исти луѓе кои живеат во Швајцарија и постојано комуницираат едни со други.

Според него, тие се најзаслужни тој да не стане претседател на Светската фудбалска централа.

Би можело да ве интересира

Чеферин нема повторно да се кандидира за функцијата претседател на УЕФА

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Хаос во европскиот фудбал: Клубовите пуштаат еден по еден деманти

Предраг Петровиќ

УЕФА: Израелските фудбалери ќе играат против Исланд во Будимпешта

Чеферин за пријателскиот натпревар Русија – Србија: Само Англичаните негодуваат