Планинарска манифестација „Титов Врв 2014“

Од:

Во организација на планинарскиот клуб „Љуботен” од Тетово, викендов ќе се одржи 33-то традиционално искачување на највисокиот врв на Шар Планина „Титов Врв 2014“.

На оваа планинарска манифестација, ќе учествуваат планинари и планинарските друштва и федерации од Македонија и цела Европа.

Организаторите патеката се до врвот, комплетно ја обележаа, ги обезбедија деловите на кои има снег и со тоа, таа е подготвена за искачувањето на планинарите.

Количините на снег се исти како и минатите години, а според метеролозите во недела се очекуваат поволни временски услови.

Манифестацијата се организира под покровителство на АД Електрани на Македонија, а генерален спонзор е ТТК Банка АД Скопје.

Планинарските друштва денеска ќе пристигнат на Попова Шапка, а утре наутро, долгата планинарска колона ќе се упати кон Титов Врв.

Пешачењето до највисокиот врв на Шара ќе трае околу четири и пол часа. По кратката пауза, планинарите ќе се вратат кон Попова Шапка, со што манифестацијата официјално ќе биде затворена.

Оваа година се очекува Титов Врв, кој е висок 2.747 метри, да го искачат над илјада планинари.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска