Писонеро по тешкиот пораз: Никогаш не сум видел полувреме со четири гола

Од:

Трнерот на Вардар, Давид Писонеро по сноќешниот убедлив пораз од Кил на домашен терен во Лигата на Шампионите (20-31) изјави дека досега никогаш не видел некој тим да постигне до полувремето само 4 гола.

По првиот дел, „црвено-црните“ губеа со 4-16 но во вториот успеаја да се вратат во игра и да одиграат далеку подобро.

– Имавме многу проблеми во првиот дел, никогаш не сум видел полувреме со четири гола. Првото полувреме беше ужасно. Во вториот дел игравме далеку подобро, но не не успеавме да направиме ништо повеќе поради првото полувреме. Горд сум на играчите што најдоа сили да се вратат во игра. Се обидовме да притискаме, но тешко е да се браниш против тим како Кил. Публиката беше фантастична и остана со нас до самиот крај и покрај болниот резултат. Атмосферата беше неверојатна, па им благодарам на навивачите, вели изјави тренерот по мечот.

Тој додаде дека тимот мора да се држи заедно и да продолжи со победа во следниот натпревар.

– Ова е само еден пораз, додаде Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска

Вардар против Кил во обид да ја прекине мини-серијата порази во ЛШ

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар е фаворит против Монпелје

Ана Ололовска