Пирло за хет-трикот на Роналдо: Беше лут по Порто, како и остатокот од Јувентус и го кажа своето на теренот

Од:

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, рече дека Роналдо својата лутина од елиминацијата од Порто, ја искажа на натпреварот од 27. коло во Серија А со Каљари (3:1). Роналдо вчера ги постигна трите гола за „Старата дама“.

– Правилно пристапивме на овој натпревар. Тоа ни беше потребно по напуштањето на Лигата на шампионите. Роналдо, како и другите, беше лут поради испаѓањето, но тој го кажа својот збор на теренот, постигнувајќи три гола. Најважно е да останеме фокусирани на нашите резултати и да освоиме што повеќе бодови. Да видиме каде води ова, изјави Пирло за „Скај Спорт Италија“.

Јувентус по 26 одиграни натпревари во Серија А има 55 бода и се наоѓа на 3. место.

Би можело да ве интересира

Пандев стрелец и асистент во поразот на Џенова од Аталанта

Ана Ололовска

Милан повтори рекорд на Интер во Серија А

Ана Ололовска

Буфон ќе го напушти Јувентус на крајот на сезоната

Ана Ололовска

Ибрахимовиќ ќе ги пропушти натпреварите против Торино и Каљари

Ана Ололовска

Роналдо ја доби најлошата оценка за мечот на Јувентус против Милан

Ана Ололовска

Пирло наскоро може да добие отказ од Јувентус

Ана Ололовска