Пирло: Го сакам „Скудетото“ и Лигата на шампионите со Јувентус

Од:

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло изјави дека има големи очекувања во претстојната сезона, дека сака „црно-белите“ да ја освојат 10-тата последователна титула во Серија „А“ и да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите.

Пирло го презеде Јувентус на 8 август за кој своевремено играше успешно.

Зборувајќи за враќањето во Торино, Пирло рече дека е многу корисно да се знаат луѓето во клубот.

– Се радуваме на работата. Сите ќе дадеме се од себе, имаме голема желба да им покажеме на навивачите дека Јувентус сака да го освои 10-тото по ред скудето и можеби да стигне до крајот на Лигата на шампионите. Имаме голема желба и големи очекувања, тука сме и сакаме да дадеме се од себе, изјави Пирло за клупската телевизија.

Тимот започна со подготовки за новата сезона, а тренерот е задоволен од посветеноста.

– Впечатоците се добри, започнавме добро, со ентузијазам и желба за работа. Само по неколку дена, играчите заминаа во своите репрезентации, но ние продолживме да работиме со оние што останаа. Момците сакаат да постигнат добри резултати, најдоа нова методологија со неколку нови вежби што досега не ги направиле. Патот ќе биде долг и затоа што немаме многу време за работа и затоа што многумина отсуствуваат, рече Пирло.

Тој истакна дека сака успех во Лигата на шампионите, но истакна дека тимот мора да биде доволно агресивен во дуелите за повторно да ја освои топката, кога ќе ја изгуби.

– Ќе работиме напорно на тоа. Гледајќи ја последната Лига на шампиони, екипите кои стигнаа до самиот крај се оние кои се обидоа да ја вратат топката што е можно побрзо. Тоа мора да биде карактеристика што ќе не краси, изјави тој.

Конкуренцијата во Серија „А“ започнува на 20 септември, а Јувентус на домашен терен ја пречекува Сампдорија.

Би можело да ве интересира

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

(ВИДЕО )Навивачите на Јувентус упаднаа на теренот со порака: Не го сакаме Лукаку

Предраг Петровиќ

УЕФА: Јувентус исфрлен од Конференциската лига

Чистка во Јувентус, во текот на ноќта пречкртани четворица фудбалери

Предраг Петровиќ