Пиоли: Златан се лути затоа што можеше да одигра подобро

Од:

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, има разбирање за нервозата која ја манифестираше Златан Ибрахимовиќ на натпреварот со Торино.

Милан победи со 1:0, при тоа пропуштајќи неколку шанси натпреварот да го реши многу порано пред последниот свиреж на судијата.

– Мислам дека игравме добро, иако малку ризично. Ибрахимовиќ се лути затоа што можеше да игра подобро и исходот од натпреварот да се одлучи порано. Ние сме амбициозни и тоа е природно. Денешната победа ќе биде безвредна ако не успееме во следниот натпревар. Има уште 14 натпревари, а веќе размислувам за мечот со Фиорентина. Треба да победиме што е можно повеќе натпревари. Имаме уште многу работа. Ајде да видиме што се случува на крајот на сезоната, изјави Пиоли.

Милан по 24.коло има 35 бода и е во група со Верона и Парма на делба на шестата позиција на табелата во Серија А.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска