Пинтуро е нов светски шампион во комбинација

Од:

Алекси Пинтуро е новиот светски шампион во комбинација. Во Оре, Французинот даде најдобро вкупно време по спуст и слалом – 1:47,71 минути и така стигна до еден од најголемите успеси во својата кариера. За него ова е прво индивидуално злато од Светски шампионат по екипното прво место во Австрија пред две години и бронзата од велеслалом во Бивер Крик пред четири години.

Пинтуро беше на 24-то место во спуст, на 1,52 секунди зад лидерот Доминик Парис. Сепак, тој имаше одличен настап во слалом, по што ја презеде првата позиција и до крајот никој не успеа да го подобри неговото време.

Сепак, скокот на Пинтуро во пласманот по првиот круг не беше највисок. Другиот херој на денот е Стефано Хадалин. Словенецот беше 30-ти во спуст и соодветно стартуваше прв во вториот дел од натпреварувањето. Во него тој беше исклучителен и на крајот заврши прв во слалом, давајќи подобро време дури и од Пинтуро.

Меѓутоа, во вкупниот пласман, Хадалин заостана зад шампионот за 24 стотинки, но тешко ќе биде многу несреќен од освоеното сребро. Бронзата ја освои австрискиот скијач Марко Шварц. Тој осстана на 46 стотинки од Пинтуро, а исто така постигна сериозен скок по 21-та позиција во спуст. Рикардо Тонети е четврти, а по искачувањето од 24 позиции, Линус Штрасер заврши петти, давајќи трето време во слалом.

Првиот од спустот и светски шампион од пред неколку дена во супер-џи, Доминик Парис не успеа да се справи со необичната за него дисциплина и на крајот заврши деветти.

Би можело да ве интересира

Заврши зимската сезона во Ски-центарот „Попова Шапка“

Ана Ололовска

Победа и мал Кристален глобус во супер-џи за Парис

Ана Ололовска

Ребензбург прва на супер-џи трката во Андора, Шифрин го зеде малиот Кристален глобус

Ана Ололовска

Пухнер триумфираше во Андора, Шмидхофер го освои малиот Кристален глобус во спуст

Ана Ололовска

Парис победи на последниот спуст за сезоната, Фојц го освои малиот Кристален глобус

Ана Ололовска

Хиршрер го освои Големиот кристален глобус

Ана Ололовска