Пино потпиша со Вардар СЦБТ

Од:

Уште една француска репрезентативка стави потпис на договорот со ЖРК Вардар СЦБТ. Средниот бек на „триколорките“ Алисон Пино, во следната сезона ќе настапува за македонскиот „дрим-тим“ со можност за продолжување на соработката и на подолг рок.

По Амандин Лејно, Сираба Дембеле и Клодин Менди, Пино е четвртата Французинка што стана „вардарка“ и што ќе го носи црвено-срниот дрес во наредната сезона.

Најдобрата ракометарка во светот за 2009 година прогласена од ИХФ, во Скопје доаѓа по една сезона помината во романската екипа Олчим В’лчеа. Со В’лчеа, Пино стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите и сезоната ја заврши со 12 погодоци во елитното натпреварување.

Претходно Пино две сезони играше за Мец (2009-2011), а пред тоа три сезони беше во Изи ле Мулино (2006-2009).

Во репрезентативанта кариера со селекцијата на Франција има две сребрени медали од Светските првенства во 2009 и во 2011 година, петто место на ОИ во Лондон и деветто место на последното ЕП 2012 во Србија.

Пино во 2009 година беше прогласена од ИХФ за ракометарка на годината, а двапати беше најдобар плејмејкер и дел од „ол-стар“ тимот на СП 2009 во Кина и на СП 2011 во Бразил.

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ