Познатата дизајнерска куќа „Панафарина“, во соработка со групацијата „Хибрид Кинетик“ од Хонг Конг, на салонот во Женева ќе ја претстави луксузната лимузина „Х600“ со хибриден погон.
Дизајнот на концептот „Х600“ го потпишува компанијата Пининфарина, додека за механиката и погонскиот систем е задолжен хонгконшкиот „Хибрид Кинетик“.
Освен тизер фотографиите, на кои се гледа задниот дел на лимузината, двајцата партнера не ги соопштуваат деталите за овој автомобил, а повеќе информации ќе бидат достапни на почетокот на март, по женевската премиера.