Унгарската екипа ПИК Сегед единствена на домашен терен оствари победа во првите осминафинални натпревари од ракометната Лига на шампионите. ПИК Сегед го совлада бундеслигашот Кил со 33:29.
Од гостите без триумф остана и македонскиот првак Вардар, кој одигра 30:30 на гостувањето кај Висла, додека на сите други натпревари победија гостите.
Резултати на другите осминафинални дуели:
Мотор – Веспрем 24:29,
Мешков Брест – Киелце 28:32,
ППД Загреб – Рајн Некар Ловен 23:24 и
Монпеље – Флензбург 27:28.
Првиот реванш дуел се игра на 23 март меѓу Кил и ПИК Сегед, додека другите на програмата се во деновите на викендот. Вардар и Висла играат во сабота на 26 март со почеток во 18 часот во СЦ „Јане Сандански“.