Петте смени остануваат и за следната сезона

Од:

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави дека организацијата размислува за задржување на правилото за петте смени за следната сезона.

По продолжувањето на фудбалските натпревари предизвикани од пандемијата на коронавирус, на повеќето турнири на екипите им е дозволено да направат пет смени во текот на натпреварот.

Според Инфантино, правилото може да остане за следната сезона поради тесниот распоред на натпреварите.

– Лигата на шампионите завршува во август. Ќе има интернационални натпревари, потоа првенства, потоа квалификации за ЕП и сезоната 2020/2021, ќе има многу натпревари. Ни требаат силни играчи. Сега имаме правило од пет смени, можно е да го задржиме, ќе разговараме за оваа работа, прокоментира Инфантино.

Би можело да ве интересира

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна

ФИФА ја отфрли жалбата на Марк Овермарс за суспензија од една година

Саудиска Арабија е домаќинот на Светското првенство во 2034 година

ФИФА отвори истрага против претседателот на шпанската ФА поради сексуалниот скандал на Светското првенство за жени

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА