Пет нови фудбалери во Работнички

Од:

Работнички го засили ростерот со пет нови фудбалери во пресрет на стартот на зимските подготовки.

– Марио Станковски и Андреј Лазаров повторно се вратија во нашиот клуб од Борец, односно Тиквеш, а нови играчи на Работнички се и Марјан Ристовски и Бурхан Мустафа од Борец, како и Андреј Кировски од Силекс, информираат „дебармаалци“.

Мустафа ќе ја засили конкуренцијата на голманската позиција, Андреј Лазаров и Марјан Ристовски ќе конкурираат за средниот ред, Андреј Кировски ќе делува во одбраната, додека Марио Станковски во навалниот ред на „романтичарите“.

Работнички во пролетниот дел од македонската Прва лига ќе биде предводен од старо-новиот тренер Александар Влахо.

Би можело да ве интересира

ФК Работнички на 29.Генерално собрание на ЕКА: Потпишан Меморандум за соработка со ФИФА

Струга ТЛ го победи Работнички и ја зголеми предноста пред Шкупи

Шкендија со деветмина го победи Работнички

Работнички во ЕКА рамо до рамо со Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Баерн Минхен, Рома, Селтик…

Марковски: Работнички е подготвен за новата сезона

Крсте Велкоски се врати во Работнички