Серхио Рамос, стоперот на Реал Мадрид и еден од клучните играчи во одбраната на „кралевите“ доби суспензија од пет натпревари поради инцидентот на куп натпреварот со Селта. Рамос на таа средба која се одигра во средата беше исклучен во 72.минута поради втор жолт картон.
По исклучувањето тој вербално го нападна судијата што го чинеше казна од четири средби неиграње и плус една поради исклучувањето, играчот на Реал принудно ќе паузира на пет натпревари што ќе ги игра неговиот клуб.
– Не е важно дали казната е заслужена или не, сакам да им се извинам на соиграчите, тренерот, навивачите и на персонлот во клубот. Се надевам дека дисциплинските органи исто така строго ќе се придржуваат кон прописите и кога казните ќе се однесуваат кон судиите кои прават грешки од натпревар во натпревар, е коментарот на Рамос по дознавањето за неговата суспензијата.
Според распоредот на мадриѓаните, Серхио Рамос ќе ги пропушти првенствените натпревари со Осасуна, Валенсија и Хетафе, како и двете куп средби со Валенсија.
Реал Мадрид има право на жалба околу казната на нивниот играч.