Пешиќ: ФИБА направи катастрофална грешка

Од:

Српскиот кошаркарски стручњак Светислав Пешиќ за германските медиуми изјави дека ФИБА многу погреши со одлуката евошампионатите да ги оддалечи на четири години од сегашните две.

– Со одлуката на ФИБА Евробаскет во иднина да се игра секоја четврта година направи катастрофална грешка. Се надевам дека одлуката брзо ќе биде променета. Оптимизам дава тоа што ЕП во младински категории се играат секое лето. Тоа е добро за развојот на кошарката, потенцира Пешиќ.

Тој е единствениот тренер кој со две различни селекции се искачил на европскиот трон. Беше европски шампион со Германија 1993 и со СР Југославија 2001 година.

Пешиќ ја повика ФИБА да ја преиспита и одлуката репрезентациите во иднина квалификациските натпревари да ги играат во ноември, со оглед на одбивањето на клубовите од Евролигата да ги ослободат репрезентативците.

– Националните тимови се многу важни и тие се значаен фактор за развој на кошарката. Би било катастрофално ако се игра во ноември без кошаркари од Евролигата.

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Машката кошаркарска репрезентација едно место погоре на листата на ФИБА

А1он

Македонскиот братски судиски тандем Митровски испиша историја во ФИБА купот

Ана Ололовска

ФИБА Еврокуп: Куманово убедливо поразен во четвртфиналето од квалификациите

А1он

ТФТ поразен во квалификациите за ФИБА Еврокупот

А1он