Перо Антиќ нов претседател на Олимпискиот Совет на МОК

Од:

На својата 117-та седница, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет донесе Одлука, Перо Антиќ, да биде претседател на Олимпискиот Совет на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет е во исто време и член на Управниот одбор на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет на МОК ќе работи во насока на развојот и омасовувањето на олимпиското движење во државата, но и ќе делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот во државата.

На оваа седница, УО на МОК ја усвои иницијативата на Меѓународниот олимписки комитет и на Меѓународните спортски федерации во кои членуват Националните спортски федерации од државата, да се потпише МЕМОРАНДУМ ЗА ПАРТНЕРСТВО, СОРАБОТКА И ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА АВТОНОМИЈА И НЕЗАВИСНОСТ ПОМЕЃУ ОЛИМПИСКИТЕ И СПОРТСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ.

Овој документ е креиран врз основа на блиската соработка помеѓу ИОК и Организацијата на Обединетите нации (ООН) во која членува и Република Северна Македонија, во рамките на кои ИОК ужива статус на набљудувач, а особено е во соглсаност со принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Обединетите нации усвоена на 31 октомври 2014 година, со која ООН посебно ја потенцират независноста и автономијата на спортскиот систем.

Овој документ е во согласност, поддржан е и е одобрен со многу Одлуки, резолуции и препораки од Обединетите Нации, Европската Унија, Генералното Собрание на Советот на Европа, Европскиот суд на правдата и на другите владини меѓународни институции. УО на МОК предложи да започне комуникација и дискусија помеѓу Македонскиот олимписки комитет и Националните спортски федерации од една страна и Агенцијата за млади и спорт од друга страна која ќе резултира со потпишување на овој Меморандум и негова имплементација во новиот Закон за спорт.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

Орце Костов

Перо Антиќ ќе биде претседател на КФСМ и во следните четири години

Катерина Ѓуровски

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска

Турскиот моден бренд „Кигили“ нов спонзор на македонските кошаркари

А1он