Перишиќ доби понуда од Кина

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ кој игра во италијанскиот Интер доби понуда од кинески клуб за договор од три сезони, вредна 36 милиони евра.

Како што пишуваат италијанските медиуми, кинескиот Шангај Шенхуа му понудил на италијанскиот Интер 25 милиони евра за Перишиќ, додека на Хрватот му понудиле тригодишен договор вреден 12 милиони евра по сезона.

Истите извори наведуваат дека италијанскиот клуб не е задоволен од понудата и бараат најмалку 35 милиони евра, но и дека и самиот Иван не воодушевен од можноста да заигра во Кина и дека повеќе преферира да замине во Премиер лигата.

Перишиќ има договор со Интер до 2022 година, а за четири години одиграл 163 натпревари и постигнал 40 голови.

Би можело да ве интересира

Бенитез вели дека не е во Кина за парите

Ана Ололовска

Рафа Бенитез започна со работа во Кина

Интер сака да го врати Ковачиќ во „Меаца“

Липи се враќа на селекторското место во Кина четири месеци по оставката

Ана Ололовска

Мијатовиќ: Модриќ останува во Реал

Татјана Ташкова

Далиќ: Против Хрватска сите играат со 200 отсто

Ана Ололовска