„Пелистерка“ главен спонзор на македонските кошаркари

Од:

Реномираната македонската компанија „Пелистерка“ од оваа година ќе биде главен спонзор на кошаркарска репрезентација и ќе ги поддржи нашите врвни спортисти и кошаркарски надежи во важните натпревари кои им претстојат.

Соработката помеѓу компанијата и македонската кошаркарска репрезентација почнува токму пред учеството на македонските репрезентативци на Европското првенство во Хрватска и Франција.

– Македонската кошарка отсекогаш била еден од нашите најдобри и најтрофејни спортови и секое подржување на нашите репрезентативци за нас како компанија пред сѐ претставува чест. Веруваме дека на европското првенство кое оваа година се одржува во Хрватска и Франција македонските кошаркари ќе нѐ направат сите горди и ќе постигнат висок пласман, и секако ќе покажат како се игра квалитетна европска кошарка, велат од „Пелистерка“.

Компанијата воедно ќе биде покровител на подготовките и учествата на следниве национални тимови и настани:

мажи до 20 години (учесници на Европско првенство во Унгарија);
мажи до 18 години (учесници на Европско првенство во Австрија);
мажи до 16 години (учесници на Европско првенство во Бугарија);
мажи до 14 години (учесници на Меѓународен турнир во Словенија);
жени до 16 години кои ќе бидат домаќини и организатори на Европското првенство во Охрид и Струга.

Челниците на Македонската кошаркарска федерација се особено задоволни од досегашната соработка со компанијата.

– Веруваме дека „Пелистерка“ ќе остане трајна на својот избор да биде македонска компанија која секогаш ги поддржува македонските вредности и знае да ги поддржи оние кои ветуваат добри резултати. Едноставно, врвните спортисти заслужуваат вода со врвен квалитет, па затоа спојот со овој бренд е особено природен – најдобра македонска вода за најдобрите кошаркари, е ставот на МКФ за соработката со „Пелистерка“.

Би можело да ве интересира

Антиќ избра 25 кошаркари за подготовките за јуниорското ЕП во Софија

Ана Ололовска

Слободен влез за навивачите за завршницата на македонскиот кошаркарски Куп

Ана Ололовска

Завршницата на македонскиот кошаркарски Куп почнува в четврток

Во нова драма, Македонија со тесна победа над Словачка!

Горан Наумовски

Феникс 2010 ја прекинаа серијата победи на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Кошаркарите на Бадел 1962 испишаа клупска историја во Јадранската лига

А1он