Пелистер со пораз дебитираше во АБА 2 лигата

Од:

Кошаркарите на Пелистер со пораз дебитираа во регионалната Јадранска АБА 2 лига, откако попладнево загубија од црногорски Ловќен со 108:85 (52:42) на воведниот турнир во Златибор.

Најефикасен во редовите на македонската екипа беше српскиот интернационалец Никола Малешевиќ со 21 поени.

Со натпреварот меѓу Пелистер и Ловќен се комплетираше првото коло во АБА 2 лигата, во кое претходно вчера вториот македонски претставник МЗТ Скопје Аеродром го совлада Младост Земун со 97:90.

Во второто коло, Пелистер за противник ќе го има вториот црногорски претставник Сутјеска, в петок со почеток од 18 часот, а ден претходно МЗТ Скопје ќе игра против Рогашка од Словенија (21 часот).

Би можело да ве интересира

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска

МЗТ Скопје поуспешен од Работнички во македонската пресметка од АБА 2

Ана Ололовска

Дебакл на Работнички во дебито во АБА 2 лигата

Работнички дебитира во АБА 2

Ана Ололовска

АБА нема да продолжи, МЗТ Скопје останува во АБА 2

Ана Ололовска