Пелегрини се врати во Шпанија по 10 години и вети големи работи

Од:

Искусниот чилеански стручњак Мануел Пелегрини, новиот тренер на фудбалерот Бетис, изјави дека е среќен што се вратил во Шпанија по 10 години.

Поранешниот стратег на Вест Хем, Манчестер Сити, Реал, Ривер Плата и Сан Лоренцо, ќе биде тренер на екипата од „Бенито Виљамарин“ во наредните три сезони.

– Задоволен сум што имав можност да дојдам во клуб како Бетис. Враќањето во Шпанија после 10 години е дополнително задоволство за мене. Бетис е многу популарен тим и сигурен сум дека имаме тим кој ќе може да одговори на барањата на навивачите, рече Пелегрини на презентацијата.

Тој посочи дека неговиот стручен персонал и тој ќе му донесат на Бетис искуство кое ќе биде важно за напредокот на тимот.

– Сите имаме иста задача, мора да покажеме победнички менталитет, желба за победа и желба да играме во Европа. Имаме многу работа пред нас, заклучи Пелегрини.

Би можело да ве интересира

Познати полуфиналистите во фудбалскиот Куп на Македонија

Жарко Настоски

Македонските репрезентативци пристигнаа во Грузија

А1он

Елмас: Ќе ја направиме Македонија горда

Кејн го постигна 150-от погодок во Премиер лигата, има 15 поени на осум настапи во лигата оваа сезона

А1он

Видал се преселил во Интер поради Конте

А1он

Барселона донесе одлука зимава да продаде пет играчи

А1он