Пеле: Нејмар ќе биде подобар од Меси и Роналдо

Од:

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, легендарниот Бразилец Пеле смета дека неговиот сонародник Нејмар во блиска иднина ќе биде подобар од Лионел Меси и од Кристијано Роналдо кои важат за најдобрите два играчи во моментов.

– Луѓето сакаат да прават споредби со Меси, но тој зад себе има долгогодишно искуство. Такви споредби се прават и со Роналдо, но во иднина Нејмар ќе биде најдобар, изјави Пеле.

Тој оцени дека Нејмар е многу млад и неверојатно талентиран. Пеле верува во освојување на шампионската титула од страна на неговата репрезентација на Мундијалот идната година кој ќе се игра токму во Бразил.

– На Купот на конфедерации се докажа дека Бразил заедно со Шпанија ќе бидат најголемите фаворити за шампионскиот трофеј. Селекторот Луис Сколари состави одличен тим во кој владее извонредна атмосфера, а тоа е еден од главните предуслови за конечен успех, смета Пеле.

Би можело да ве интересира

Норвешки клуб мораше да помине 220 метри со автобус до европскиот натпревар поради едно бизарно правило

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Фергусон: Секако дека се плашам од тоа

Предраг Петровиќ

Нова катастрофа за Динамо: Ги „казни“ последнопласираниот Славен

Предраг Петровиќ

Платини предложи револуционерна промена во фудбалот: Бројот на играчи да се намали од 11 на 10

Предраг Петровиќ

„Не победивте поради вас, туку затоа што јас наместив

Предраг Петровиќ