Педесетипетгодишниот Миура потпиша за нов клуб

Од:

Јапонската фудбалска ѕвезда Казујоши Миура и официјално ја продолжи својата кариера, потпишувајќи на 55-годишна возраст договор со четвртолигаш, каде тренер е неговиот повозрасен брат.

Миура симболично во знакот на бројот 11 кој го носи на својот дрес стави потпис на едногодишен договор со екипата Сузука Поинт Гетерс на 11 јануари во 11:11 часот

Јапонската фудбалска легенда идниот месец ќе го прослави својот 55 роденден, а неговата желба е да продолжи да игра фудбал до 60-та година од животот.

Највозрасниот фудбалер во светот својата импозантна кариера ја почна во бразилски Сантос, по што меѓу другите настапуваше и за Палмеирас, Коричиба, Верди Кавасаки, Џенова, Висел Кобе, Динамо Загреб и Сиднеј

Неговиот нов клуб Сузука се прослави во 2019 година кога стана првата јапонска екипа која за тренер доведе жена во името на Мила Мартинез од Шпанија.

Би можело да ве интересира

Миура не запира и на 54. години – Ме бараат осум клубови

А1он