Печенковски ја продолжи соработката со РК Бутел

Од:

Ракометниот клуб, Бутел Скопје продолжува да го склопува играчкиот мозаик пред новата сезона, во која повторно ќе ја претставува нашата земја во Лигата на Европа.

По продолжување на соработката со левото крило Мирко Мајиќ, нов договор на една година потпиша и средниот бек Горан Печенковски, соопштија од клубот.

– Договорена е соработка и за следната сезона, тука сум од самото формирање на клубот, поминавме доста предизвици, убави моменти, спремен сум да дадам максимум и се надевам на уште една успешна година. Жал ми е што првенството мораше така да се заврши, но тоа е сосем правилно бидејќи здравјето е пред се во живототот. Сметам дека РФМ слично како и во сите првенства во кои системот на натпреварување е ист, донесе правилна одлука околу пласманот на табелата, среќни сме што ке имаме прилика и наредната година да играме во Европа и можеби со малку среќа, ќе успееме да стигнеме уште подалеку од лани, вели Печенковски, цитиран од клубот.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ