Павлов и Јованоска ги предводат македонските каратисти на Европското првенство во Пореч

Од:

Пореч, 18 мај 2021 (МИА) – Единаесет македонски каратисти ќе настапат во поединечна и екипна конкуренција на Европското првенство чиј домаќин од утре до недела ќе биде хрватскиот град Пореч.

Македонската карате репрезентација замина на завршниот турнир максимално подготвени и со желба за медали, а одличја во прв ред се очекуваат од Емил Павлов и Пуликсена Јованоска.

Македонските претставници во борби се Емил Павлов-60 кг, Давид Петков-67 кг, Доан Османи-75 кг, Петар Спасеновски-84 кг, Вегим Мурати 84+ кг, од кои поголемиот дел ќе настапат и во тимска борба. Кај дамите наши претставници ќе бидат: Сара Радичевска-50 кг, Симона Заборска-55 кг, Моника Пендаровска-61 кг, Ангела Мојсовска-68 кг и Симона Симовска 68+ кг, на кои во тимски настап ќе им се придружи Бојана Манева.

Македонски претставници во кати се: Александар Неделковски и Пулексенија Јованоска во поединечна конкуренција, а во ката тимот ќе настапат: Давид Спасовски, Александар Спасовски и Кристијан Бајовски.

Би можело да ве интересира

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

УЕФА ги казни Романците поради транспарентот „Косово е Србија“

Предраг Петровиќ

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Белорусија ќе ја пречека Швајцарија во Србија

Словенките ја исфрлија Србија, Хрватска со последниот шут до реми со Швајцарките