Партизан заработи повеќе од еден милион евра од мечот со Манчестер јунајтед

Од:

Управата на фудбалскиот клуб Партизан е задоволна од продажбата на билети за дуелот од Лига Европа против Манчестер јунајтед, при што оствари приход од 1,1 милиони евра.

Секако кога ќе се одбијат трошоците, заработката е помала од милион, но сепак ќе биде околу 900.000 евра, што е повеќе од задоволителна за белградските „црно-бели“. Стадионот беше исполнет до последно место, а бидејќи клубот продаваше само блок билети за двата домашни меча, може да се очекуваат полни трибини и на средбата со Астана.

Партизан неодамна играше со Црвена ѕвезда и заработката им беше четирипати помала во споредба со средбата со „црвените ѓаволи“.

Би можело да ве интересира

Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Ана Ололовска

Подмладокот на Црвена ѕвезда, Вождовац и Графичар на подготовки во Охрид

Ана Ололовска

УЕФА ја казни Црвена ѕвезда со 50.000 евра за кршење на финансискиот фер-плеј

Ана Ололовска

Капитенот на Црвена ѕвезда доби понуда која тешко ќе ја одбие

Станковиќ: Мурињо се онесвести кога дозна дека ќе бидам тренер на Звезда

Дејан Станковиќ на чело на Црвена звезда