Парондо: Горд сум на играчите, тие се херои

Од:

Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо по вчерашната победа против ПИК Сегед (31-23) во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите изјави дека е горд на играчите и на постигнатото од нив и покрај проблемите со кои се соочувал тимот во последно време.

– Многупати веќе реков дека сум горд на играчите. Тие се херои. Имавме многу проблеми, имавме многу несакани работи, но ги надминавме и одигравме на врвно ниво. За нас ова беше последна средба во Скопје во овој состав и со овие играчи и затоа оваа победа е уште поголема На крај се надевам дека и ќе дојдеме до планираната цел – пласман на Ф4 турнирот во Келн, изјави Парондо.

Вториот четвртфинален меч меѓу ПИК Сегед и Вардар се игра во Унгарија на 5 мај.

Би можело да ве интересира

ЛШ: Вардар почнува со гостување кај Монпелје на 14 септември

Ана Ололовска

Писонеро: Ракометот во Македонија поинаку се доживува, се е посветено на овој спорт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Карачиќ до Стоилов е асистенцијата на годината во ЛШ

Ана Ололовска

Бразилецот Толедо нов ракометар на Вардар

Ана Ололовска

Димитриоски нов ракометар на Вардар

Ана Ололовска

Вардар од првиот барабан ги чека ривалите за Лигата на шампионите