Паненка: Го обожувам Серхио Рамос

Од:

Легендарниот поранешен чешки фудбалер, Антонин Паненка, кој е претседател на клубот Бохемијанс, на шпанските новинари пред мечот Славија Прага – Барселона, им порача дека ги сака и Реал Мадрид и Барса.

Паненка е познат во светот по пеналот со кој го совлада Сеп Маер во финалето на Европското првенство во 1976 година и на Чехословачка ѝ донесе титула континентален првак. Дотогаш не беше видено некој така ризично да изведе пенал, со поткопување на топката. Многу фудбалери успешно го копираат, а шпанскиот капитен Серхио Рамос, е фудбалерот кој најчесто го користи таквиот стил на изведување пенали.

– Многу сум изненаден што Рамос така ги изведува пеналите. Многу го почитувам, особено што е дефанзивец, пеналите обично ги шутираат напаѓачи. Рамос е најдобар одбранбен играч на светот, да сум тренер, би сакал да го имам во тим, истакна Паненка.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска