Пандев: Знам како се игра против Јувентус

Од:

Најдобриот македоснки фудбалер и член на Наполи, Горан Пандев, пред утрешниот дерби натпревар против Јувентус со изјавата дека „азурите“ сакаат одмазда за нечесниот пораз во Суперкупот на Италија.

„Треба да играме без страв, треба да покажеме дека можеме да се носиме со секој противник. Го имаме тоа што е потребно за да се победи шампионот на Италија. Сите знаат како заврши претходниот натпревар. Сакаме да се реваншираме за тој пораз. Суперкуп пресметката беше една голема лага. Ништо не му кажав на линискиот судија. Без потреба добив црвен картон. Една работа е сигурна, нема да го погледнам ниту главниот, ниту помошните судии на дуелот во Торино. Сега знам како треба да се игра против Јувентус“, изјави македонскиот интернационалец.

Претходниот дуел заврши со триумф на „Старата дама“ од 4:2, а главниот арбитар, покажа два црвени картони, еден за Пандев и еден за Зунига, а во регуларниот дел досуди и пенал за Јувентус.

Поради револтот од тој натпревар Наполи прави тотален бојкот кон медиумите, па не само што нема да има традиционална пресконференција, туку ниту еден од фудбалерите или асистент нема да се појават пред новинарите.

Би можело да ве интересира

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Навивачите на Интер направија хаос: Упаднаа во хотелот кај фудбалерите и направија луда атмосфера

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Легендата во солзи на теренот: Дали е ова крајот на една од најголемите кариери?

Ана Ололовска

Осимен ги врати Наполи во трката за скудетото

Ана Ололовска

Каљари ја продолжи кризата на Аталанта и излезе од зоната за испаѓање

Ана Ололовска