Пандев за родовата еднаквост во фудбалот: Да се посвети поголемо внимание на женскиот фудбал

Од:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, на денешната панел дискусијата за родовата еднаквост во фудбалот, побара да се посвети поголемо внимание на женскиот фудбал.

– Долги години сум во Италија. Последните години таму женскиот фудбал оди во нагорна линија. Италијанците женскиот фудбал го гледаат исто како и машкиот фудбал. Многу внимание се посветува на женскиот фудбал. Во Македонија треба да посветиме внимание на инфраструктурата. УЕФА во последно време многу се залага, а тоа треба Фудбалската федерација на Македонија да го искористи за развој на женскиот фудбал. Мене ми е интересно да гледам натпревари од женската лига во Италија. Затоа треба да почнеме од нас, да го смениме менталитетот и да гледаме женски фудбал, изјави Пандев.

Тој на крајот во своето излагање посака еден ден и нашата женска репрезентација да се пласира на едно Европско првенство.

Би можело да ве интересира

Андонова: Нè очекуваат два тешки натпревари, шансата ќе ја бараме против Австрија

Ана Ололовска

Македонските фудбалерки ги почнаа подготовките за мундијалските квалификации

А1он

ФИФА апелира да се евакуираат фудбалерки од Авганистан

Ана Ололовска

ЖФК „Каменица Саса” ги заврши настапите во женската Лига на шампиони со пораз од Бешикташ

Ана Ололовска

ВИДЕО: Сензација на стартот на Олимпијадата, Американките загубија по 44 натпревари без пораз

Жарко Настоски

Македонските фудбалерки до 19 години ја победија Албанија

Ана Ололовска