Падна забраната: Ѓоковиќ ќе игра на УС Опен

Од:

Американскиот Сенат гласаше за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Таа беше воведена од поранешниот претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година.

Горниот дом на Соединетите држави гласаше со 68 „за“ и 23 „против“ за ставање крај на вонредната состојба.

Минатиот месец, Претставничкиот дом, исто така, гласаше со 229 „за“, 192 „за“ за укинување на декларацијата.

Се очекува актуелниот претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.

Вонредната состојба секако требаше да се укине во мај, па невакцинираните странци да можат без проблем да влезат во Америка.

Сето ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на летната американска турнеја, Мастерсот и УС Опен, која е закажана од 28 август до 10 септември.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата