Овации, фотографирање и автограми на дебито на Меси

Од:

Килијан Мбапе беше двоен стрелец во синоќешната четврта последователна победа на ПСЖ во француското првенство од 2:0 на гостувањето кај Ремс, но ѕвезда на вечерта беше Лионел Меси со својот дебитантски настап за парискиот клуб.

Меси (34), кој летово по две децении ја напушти Барселона и премина во ПСЖ, пречекан со овации пред 21.000 гледачи на стадионот Ремс влезе во игра во 66 минута на местото на својот поранешен соиграч во каталонскиот клуб Нејмар.

Вечерта полна со емоции продолжи и по натпреварот, кога камерите го снимија аргентинскиот фудбалер како потпишува дрес на повозрасен домашен навивач, додека голманот на Ремс, Предраг Рајковиќ, го фотографираше својот син во рацете на Меси.

Аргентинскиот репрезентативец, кој во ПСЖ го избра дресот со број 30, не се најде во шанса за гол на својот дебитантски настап, а статистичарите пресметаа дека еден од најдобрите фудбалери на сите времиња имаше 20 прецизни додавања и една загубена топка.

Би можело да ве интересира

Меси се искачи на петтото место во историјата по број на голови во квалификациите за СП

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Светскиот првак ја освои Лигата на нации: Франција преку Шпанија до титулата

Мбапе: Ако си заминев од ПСЖ ова лето, ќе одев во Реал

Ана Ололовска

Нејмар објави фотографија со Меси и Мбапе по триумфот над Сити

Ана Ололовска

Донарума нема да го напушти ПСЖ во зимскиот трансфер рок

А1он

Меси се врати на тимските тренинзи

Ана Ололовска