Отказот за Тухел го усложнува трансферот на Мбапе во Реал

Од:

Отказот што ПСЖ му го врачи на тренерот Томас Тухел е лоша вест за Реал Мадрид за неговите планови да го наговори Килијан Мбапе да се пресели во Мадрид, објави денеска „АС“.

Шпанскиот весник наведува дека напаѓачот на ПСЖ разгледувал опции да го напушти францускиот првак поради лошите односи со Тухел, иако Мбапе преку социјалните мрежи емотивно се збогуваше со германскиот стратег.

Актуелниот шпански првак е подготвен да издвои 180 милиони евра за францускиот напаѓач, но доколку ПСЖ добие согласност од Мбапе за нов договор, откупната клаузула ќе биде многу повисока и мадридскиот клуб ќе треба да се откаже од трансфер, наведува „АС“.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

Детаљ за кој најмногу се зборува – дали Винисиус заслужи црвен картон?

Предраг Петровиќ

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Винисиус заминува доколку Реал потпише со Мбапе

Предраг Петровиќ

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години