Откажана Дијамантската атлетска лига во Лондон

Од:

Дијамантската лига во атлетика во Лондон планирана за 4 јули е уште еден од низата големи спортски настани откажани поради пандемијата на коронавирус, објавија организаторите.

– Многу сме разочарани да го потврдиме откажувањето на еден од водечките настани во светскиот календар за атлетика. Сепак, мора да ја ставиме безбедноста на сите во семејството на атлетика во првите редови на секоја одлука што ја носиме во овие невидени времиња и да се осигураме дека ние ги следиме советите на владата, соопшти Британската атлетска федерација.

Дијамантската лига во Лондон е деветта трка во сезоната што треба да биде одложена или откажана поради глобалната пандемија.

Претходно Одложените се трките во Доха, Кина, Стокхолм, Рим/Неапол, Рабат, Јуџин, Лозана и Париз, но сепак постои шанса тие да се случат подоцна во сезоната.

Најраниот можен почеток на серијата атлетски трки е 10 јули во Монако.

Би можело да ве интересира

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди

(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Откриена заднината на скандалот со најбавната спринтерка досега, реагираше државата

Кенијката со трет светски рекорд годинава

Предраг Петровиќ