Организаторите на US Open ги кршат правилата поради 15-годишната Коко Гоф

Од:

Организаторите на Отвореното првенство на САД се подготвени да ги прекршат правилата, откако ќе ја поканат за учество во турнирот 15-годишната локална тенисерка Кори „Коко“ Гоф. Тинејџерката направи сензација на „Вимблдон“, откако ја отстрани сонародничката Венус Вилијамс, Словенката Полона Херцог, Словачката Магдалена Рибарикова и уште три тенисерки во квалификациите.

Согласно правилата, US Open не може да и обезбеди на Гоф „вајлд карта“, бидејќи на 15-годишната тенисерка и следуваат само три покани за учество, а таа веќе ги искористила. Портпаролот на американската тениска асоцијација (УСTA) Крис Видмаер сепак потврди пред „Њујорк Пост“ дека за Гоф ќе биде направен исклучок.

– Ние се надеваме дека ќе ка видиме Коко во главната шема на US Open. Таа ги освои срцата на навивачите во нашата земја со настапот на „Вимблдон“. Не толку често се зборува за младите спортистки, истакна Видмаер.

Женската тениска асоцијација (ВTA) во исто време потврди дека нема да протестира против одлуката на УСTA да ги заобиколи правилата.

US Open стартува на 26-ти август.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2